Репрезентацијата на Бразил со поразот од Белгија со 1:2 се прости од понатамошниот дел од Мундијалот во Русија.
Селекао најавуваше враќање на тронот, но налета на Белгија која има феноменална генерација која конечно направи голем резултат на големо натпреварување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како и целата нација на Бразил низ тешки моменти минува сега и селекторот Тите, кој на освојување на Мундијалот ќе мора да чека најмалку 4 години.
„Навивачите знаат како ова да го оценат. Тие следат игра и имаат разни емоции. Можеби нас оваа болка ќе ни мине со времето, но многу ми е тешко сега да зборувам. Можеби ќе можам за некои 30 години“, истакна Тите.
Во светските медиуми веќе се пишува дека Тите ќе остане селектор на Бразил и покрај елиминацијата во четвртфиналето, иако стратегот не сакаше да коментира на оваа тема.