Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе во последно време силно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпекулациите за талентираниот Французин се засилија откако Зинедин Зидан се врати на клупата на „кралевите“.
Шпанските медиуми отидоа до таму и твдеа дека Зидан и Мбапе веќе имале таен разговор во кој фудбалерот дал согласност за трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.
Притоа медиумите открија и детали од платата која ќе ја заработува Мбапе во Мадрид, како и сумата која „кралевите“ ќе ја потрошат за неговиот потпис. (ОВДЕ).
Меѓутоа, Мбапе реши да стави крај на сите шпекулации и во разговор за француските медиуми беше многу јасен околу неговата иднина – тврди дека ќе остане во екипата на ПСЖ и идната година.
„Да, верувам дека ќе бидам тука. Можам да кажам дека сум и 100% сигурен“, изјави Мбапе.
„После се што се случи, одлуката е донесена. Имавме многу проблеми после елиминацијата од Лигата на шампионите и навистина не сакам да го мачам клубот околу мојата ситуација. Нема потреба да се грижат, се е јасно“, додадед младиот Французин.