Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол ја прокоментира можноста Нејмар да го облече дресот на Реал Мадрид.
Иако од трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен не помина ниту една година се повеќе се шпекулира дека Бразилецот би можел да ја напушти Франција и да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како наредна дестинација на Бразилецот се споменува Реал Мадрид, а за овој евентуален трансфер зборуваше фудбалерот кој остави длабока трага во редовите на Барселона, Карлес Пујол.
„Мислам дека Нејмар би можел да го облече дресот на Реал Мадрид. Не гледам никаков проблем во тоа, тој е професионалец и ништо не е невозможно“, изјави Пујол за „Естадао“.
Пујол исто така додаде дека не е сигурен дали клубот од Париз би го пуштил Нејмар.
„Мислам дека тоа е многу тешко. Тие платија навистина многу за да го доведат и не верувам дека толку лесно би го пуштиле да замине“, изјави Пујол кој од фудбалот се прости во 2014 година.