Дома Фудбал Останато Се огласи и Верати за Иско – Меси не е ниту блиску до тоа ниво!

Се огласи и Верати за Иско – Меси не е ниту блиску до тоа ниво!

Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати изјави дека го импресионирал Иско.

Верати во квалификацискиот натпревар, каде што неговата Италија загуби од Шпанија, водеше многу дуели со Иско, а како поуспешен излезе токму фудбалерот на Реал Мадрид, кој го играше можеби најдобриот натрпеварот во неговата кариера.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


За играта на Иско, Верати по натпреварот имаше само пофални зборови.

„Многу се мачев против Иско. Импресиониран сум од она што го покажа. Меси не е ниту блиску до тоа ниво“, изјави Верати, пренесуваат странските медиуми.

Во еден момент од натпреварот, Иско и успеа да го посрамоти Верати така што му ја протна топката низ нозете, што го воодушеви дури и селекторот на Италија, кој изјави дека планирал да стане и да му аплаудира на Шпанецот.

Прекрасната игра на Иско можете да ја подлегнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…