Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ јавно се обрати после сериозната повреда и истакна дека нема намера да стави крај на кариерата и дека ќе се врати уште посилен на терените.
35-годишниот Ибра против Андерлехт ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото, а веднаш потоа медиумите почнаа да шпекулираат дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.
„Ќе минам низ оваа повреда како низ многу други работи во животот. Ќе се вратам уште посилен. Веќе сум играл „со една нога“, ова нема да преставува проблем. Едно е сигурно, сам ќе решам кога е вистинското време да ја завршам кариерата. Откажувањето не е опција. Се гледаме наскоро“, објави Ибрахимовиќ на својот профил на Инстаграм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рехабилитацијата по ваквата повреда вообичаено трае помеѓу шест и девет месеци, што значи дека тој на фудбалот може да му се врати на почетокот на наредната година.