Денес спортската јавност беше изненадена од веста за трансферот на Кевин Принс Боатенг.
Сега повеќе нема никакви дилеми дека Боатенг ќе го облече дресот на Барселона, бидејќи се огласи самиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите после веста за неговиот можен трансфер во Барселона се појави и неговата изјава од пред две години во која зборува дека попрво би играл за Реал Мадрид отколку за Барселона.
Вечерва со изјава за италијански „Скај Спорт“ дефинитивно ги поништи неговите зборови од минатото.
„Одам во Барселона. Тажен сум што го напуштам Сасуоло, но ваква шанса не смеев да пропуштам. За Реал Мадрид не ме прашувајте, тоа што сум го кажал е минато. Сакам да се сконцентрирам само на Барселоан и да постигнам погодок во следното „Ел Класико“ кое ќе се игра на Бернабеу“, изјави Боатенг.
Очекувањата се фудбалерот утре да ги помине медицинските прегледи во Барселона.