Претседателот на клубот од Мадрид, Енрике Серезо, не го негираше договор со Челзи, но не го ни потврди трансферот на Диего Коста.
„Не можам многу да кажам. Се што знам е дека Диего Коста е фудбалер на Челзи и дека сеуште има многу време до јануари кога ќе ни истече забраната за регистрација. Диего Коста има клуб и до јануари не можеме ништо да направиме“, тврди Серезо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, се верува дека претседателот на Атлетико не може јавно да го потврди договорот, но дека нема дилеми и дека веќе е постигнат договор со Челзи.
Се проценува дека сумата на трансферот би можела да изнесува околу 60 милиони евра.