Дома Трансфер зона Се огласи агентот на Лаутаро Мартинез за можната понуда од Барселона

Се огласи агентот на Лаутаро Мартинез за можната понуда од Барселона

Вчера во медиумите се појави вест дека Барселона ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез.

Мартинез прикажува одлични настапи за Аргентина на овогодинешното издание на Копа Америка каде што „Гаучосите“ ќе играат полуфинале против домаќинот Бразил.
Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека Барселона покажала интерес за Мартинез и спремни се за него да понудат 112 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овие гласини стигнаа и до агентот на Мартинез кој денес се огласи во јавноста.

„Да, гласините стигнаа до мене, но вистината е дека не сме имале контакт со никого. Ова се само шпекулации и нормално е да ги има кога преодниот рок е отворен. Не знам како би реагирал Интер ако добие таква понуда, тоа морате да прашате некој од клубот. Дали е среќен во Милан? Тоа ќе мора да го прашате него, јас не можам да зборувам во негово име. Како и секој друг нормален играч и тој сака да добива минутажа“, изјави Алберто Јаке, агентот на напаѓачот.

https://www.youtube.com/watch?v=j7YPvAeYufE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…