Дома Фудбал Останато Се огласија од клубот на Чави: Неговото враќање во Барселона е нормална работа

Се огласија од клубот на Чави: Неговото враќање во Барселона е нормална работа

Вчера се појави вест дека луѓе на Барселона отпатувале во Доха на преговори со Чави.

Се пишуваше дека извршниот претседател Оскар Грау и техничкиот директор Ерик Абидал на Чави на маса му оставиле понуда од две ипол години. Дека навистина се случува потврдува и тоа што денес се огласија од катарскиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ал Сад во кој Чави дојде во 2015 година и ги одигра последните години од кариерата пред девет месеци го назначи за тренер и на Чави му оди добро.

„Враќањето на Чави во Барселона е нормална работа, тој клуб е негов дом и еден ден сигурно ќе се врати, но во овој момент Чави е тренер на Ал Сад. Чави е фокусиран на полуфиналето на купот на Прицнот и ние знаеме дека клуб од големината на Барселона ќе се однесува во согласност со своето реноме и ќе користи официјални канали при некакви преговори“, порачаа од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…