Дома Фудбал Англија Се најде и таков: Дефанзивец на Јунајтед го брани Мурињо!

Се најде и таков: Дефанзивец на Јунајтед го брани Мурињо!

Тимот на Манчестер Јунајтед игра катастрофално оваа сезона, веќе на големо се пишува дека Жозе Мурињо се наоѓа пред отказ, а како фаворит за негов наследник во овој момент е Зинедин Зидан.

Покрај лошите резултати во медиумите многу се пишува и за конфликтот на Мурињо со Пол Погба. Освен со Погба наводно во лоши односи со Португалецот се уште Алексис Санчез, Марсијал и Рашфорд.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак се најде и играч кој застана во одбрана на Мурињо и тоа дефанзивецот, Лук Шо.

„Мораме да признаеме дека против Вест Хем одиграме многу лошо. Не игравме како тим и со таква игра не можеме да очекуваме резултати. Ова во никој случај не е доволно и мора да испратиме извинување до нашите навивачи. Тренерот не е виновен за лошите резултати и кризата, ние играчите сме“, изјави Лук Шо.

Ќе потсетиме играчите во анкета на социјалните медиуми го означија Мурињо како главен виновник за ситуацијата во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како на селски фудбал, а не во квалификации за Лига на шампони: Противникот на Шкендија играше со импровизиран дрес

Во натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, велшкиот тим ТНС …