Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Се менува планот: Европското првенство ќе се игра во 3 до 4 држави

Се менува планот: Европското првенство ќе се игра во 3 до 4 држави

Европската куќа на фудбалот е на пат да се откаже од планот Европското првенство да се игра во 12 различни градови и сега ќе се фокусира на варијанта да се одржи најмногу ви 3 до 4 држави.

На тој начин „Вембли“ може да го загуби домаќинството за финалето, ако до следното лето во Англија не се отворат стадионите за публика.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според првичниот план на „Вембли“ требаше да се одиграат седум меча, меѓу кои двете полуфиналиња и натпреварот за трофејот. Меѓутоа, ако не може да има публика, таму сигурно нема да се игра финалето на ЕУРО 2020 (21).

Најголема грижа на УЕФА е дали државите домаќини ќе можат да примаат фанови и спонзори на стадионите. Поради тоа голема е веројатноста наместо во 12 градови, организацијата да се одржи во 3 до 4 држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

„Бомба“ од Островот: Естевео во трансфер вреден 120 милиони евра заминува од Челси

Од кога пристигна во Челси, младиот Естевео Вилијан ги освои симпатиите на навивачите на т…