Во Манчестер Јунајтед го слават Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот со своите избраници во Париз направи чудо и со тим во кој недостасуваа 10 играчи успеа да надополни негатива од 0:2 и така се избори за четвртфинале.
Малку кој веруваше дека Манчестер Јунајтед може да му направи проблеми на ПСЖ после 2:0 во Англија, но Солскјер го надмурди Тухел и сега има причина да слави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина на оваа победа и го намалуваа значењето тврдејќи дека Манчестер Јунајтед во финишот постигнал гол од непостоечки пенал. Солскјер секако нема такво мислење.
„Мислам дека одлуката на судијата беше праведна. Пеналот е на место. Овој натпревар многу ни значи и сигурно дека ни даде огромна самодоверба. Ако продолжиме вака можеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, оптимистично најави Солскјер во разговор за англиските медиуми еден ден после натпреварот.
Ќе потсетиме Солскјер како играч во 1999 година со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на шампионите.
После една вкава форма никој не верува дека Манчестер Јунајтед нема да му даде нов договор на Солскјер, Норвежанецот се уште е на позајмица до крајот на сезоната.
По завршувањето на натпреварот против ПСЖ, Солскјер не одговори на тоа прашање и порача дека тоа е прашање на клубот.
„Фантастична ноќ јас само ќе ја работам својата работа до лето и ќе чекам клубот да одлучи“, гласеше изјавата на Сослкјер после завршувањето на натпреварот против ПСЖ.