Aнтонио Конте често пати оваа сезона експериментираше со Еден Азар на позицијата „лажна деветка“.
Таквата игра понекогаш даваше резултати, но понекогаш и изгледаше како Азар да нема што да бара на позицијата најистурен играч во нападот. Токму поради тоа медиумите во Англија често пати истакнуваа дека самиот Белгиец е незадоволен од таквата одлука на Италијанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По тоа прашање се огласи и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез кој изјави дека не му паѓа на памет Азар да го користи како „лажна деветка“.
Сега во текот на репрезентативната пауза и пред натпреварот помеѓу Белгија и Саудиска Арабија се огласи самиот фудбалер и ги демантираше медиумите кои тврдеа дека тој е незадоволен.
„Само сакам да бидам на теренот, дали ќе играм како дветка или десетка воопшто не е важно. Можам да играм и како лев бек ако тренерот тоа го побара, не ми претставува никаков проблем. Ќе дадам се од себе, како што тоа секогаш го правам“.
„Среќен сум во Челзи. Размислувам само за крајот на сезоната и Светското првенство. Имам уште две години од договорот“, изјави Азар.