Дома Останати Ракомет Се затвара Арената во Загреб на која Македонија треба да го стартува Европското првенство?

Се затвара Арената во Загреб на која Македонија треба да го стартува Европското првенство?

Се е спремно за Европското првенство во ракомет во Хрватска на кое ќе настапува и нашата селекција кој својот прв натпревар го игра во сабота.

Меѓутоа како што пренесуваа хрватските медиуми постои страв дека натпреварите во Арена нема да се одиграат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Претседателот на управата на фирмата „Ингра“, Игор Опенхим која ја изгради арената се заканува со затварање на истата поради долгови на Градот Загреб и владата.

Како што дознаваат медиумите во оваа земја станува збор за долг од 2 милиони евра и доколку не се подмири Опенхим тврди дека утре ќе испрати допис до Хрватскиот Ракометен Сојуз и натпреварите од Европското првенство во оваа Арена нема да можат да се одиграат.

Треба да се истакне и дека натпреварот на Македонија кој е закажан за во сабота во термин од 19:30 е предвидено да се игра во оваа Арена. Се уште нема информации каде би се играле натпреварите доколку најавите на Опенхим се реаизираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Директор почина сред дерби: Спортска трагедија во Унгарија (Фото)

Техничкиот директор на унгарскиот ракометен клуб Пик Сегед Иван Добози (68) почина за врем…