Каде што има чад, таму им а и оган, а во последно време чадот доаѓа од „Олд Трафорд“ и Пол Погба кој би можел да биде новата трансфер бомба.
Како се ближи крајот на сезоната се повеќе јасно станува дека најскапото засилување во историјата на клубот ќе си замине после само две години, но не за мала сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Островскиот таблоид „The Sun“ пишува дека Манчестер Јунајтед веќе ја одредил цената за Пол Погба која е навистина брутална и превисока во споредба со она што тој го прикажува на теренот.
Наводно, „ѓаволите“ за Погба ќе бараат 160 милиони евра! Да потсетиме, тој во Јунајтед пристигна за 105 милиони евра, а од тој момент неговата форма е во пад. Но истовремено цените на трансфер пазарот вртоглаво пораснаа и поради тоа оваа сума и не зачудува премногу.
Meнаџерот на Погба, Мино Раиола изгледа веќе се „фрлил“ на работа. Изјавата која неодамна ја даде Гвардиола дека Раиола му го нудел Погба пред неколку месеци сега добива смисла. Очигледно дека контроверзниот менаџер со сите сили се обидува на некого да го продаде Погба и да реализира уште еден мега-трансфер од кој ќе добие голема провизија.
Меѓутоа мал е бројот на клубови кои можат да си го дозволат, но и кои сакаат да соработуваат со Раиола. Единствениот излез изгледа е Пари Сен Жермен кој со овој менаџер одлично соработува веќе неколку години (соработува и Јувентус, но тие не се заинтересирани за Погба).
„Светците“ сакаат големо засилување во средниот ред и спремни се да платат повеќе од 100 милиони евра за услугите на Французинот. Се споменуваа Милинковиќ Савиќ, Модриќ, Пјаниќ…Но Погба секако би бил најатрактивно решение со оглед дека Париз е неговиот роден град и би бил дочекан како „суперстар“.
Сега се е на Раиола кој мора да пронајде формула која ќе им одговара на сите страни. Погба со изјавата дека еден ден сака да игра со Нејмар и најави дека е расположен за преселба во ПСЖ.
Американскиот „ЕСПН“ веќе тврдеше дека Раиола започнал преговори со Погба, но и со Џанлуиџи Донарума кој исто така го застапува Мино Раиола.