Дома Трансфер зона Се е готово! Реал обезбеди засилување од 60 милиони!

Се е готово! Реал обезбеди засилување од 60 милиони!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе го реализира трансферот на младиот бразилец Винисијус Јуниор од Фламенго.

Како што пренесува бразилскиот„Глобеспор“, еден од најголемите таленти од Бразил веќе ги поминал лекарските прегледи, клубовите се договориле, па преостанува само Винисиус да стави потпис на договорот со „кралевите“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според истиот извор Реал ќе плати 61 милион евра за неговите услуги, но Бразилецот веројатно ќе остане во Фламенго до 2018 година.

Иако има само 16 години, тој ќе дебитира за Фламенго во бразилскиот шампионат, а тоа доволно зборува за каков талент се работи. Да потсетиме Реал оваа недела веќе заврши уште еден голем трансфер, бидејќи нов член на клубот треба да стане и Тео Ернандез.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…