Сега слободно може да се каже дека Интер направи моќен тим и дека покрај Јувентус е главен кандидат за титулата.
Иако, им се даваат мали шанси да ја прекинат доминацијата на „Бјанконерите“, но сеедно наваивачите веруваат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пишува „Газета“ постигнат е договор со Атлетико, Шиме Врсалјко пристигнува на позајмица ќе ги чини повеќе од шест милиони, а откупот е на 16.5 следното лето, па трансферот на десниот бек кој порано настапуваше за Сасуоло требаше да изнесува нешто повеќе од 22 милиони.
Но, тоа не е се, многу блиску е и Артуро Видал. Интер доби зелено светло од кинескит сопственици, ако не го продадат Жоао Марио, ќе се обидат да се ослободат од Борхе и Весно кого го сака Челзи, Видал чека, тој пресече, го сака само Интер.
Чилеанецот веќе како што се наведува разговарал со Спалети, кој сака да направи тандем вклучително и со Наинголан, работата е блиску до крај, навивачите се во еуфорија, веќе се продадени околу 37.000 претплатени карти, навивачите по традиција се најверните во Италија.
Но, ова навистина би можело да биде година на радост за нив по многуте маки во оваа деценија, бидејќи клубот за потсетување, ги донесе Наинголан, Де Фрај, Асама, Лауатар Мартинез и Политано. Со Врсалјко и Видал практично би ја затвориле приказната и би фрлиле ракавица кон Јувентус.