Tренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека е незадоволен од начинот на кој каталонскиот клуб смета на младите играчи.
Според Сетиен Барселона не ги користи доволно младите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Планирањето минутажа за младите играчи не би требало да биде нешто за кое размислувам само јас, тоа треба да биде стратегија на клубот пред почетокот на секоја сезона. Ако имате екипа со петмина играчи кои се најдобри на своите позиции тогаш е многу тешко да направите простор за младите играчи“.
„Ние имаме цел да освоиме се, но сакаме и нашите играчи кои имаат потенцијал да добиваат шанса и да се развиваат. Сите зборуваат за тоа дека ја сакаат победата, а замислете да ставам четворица тинејџери во првиот тим…Па би ме избркале“, изјави Сетиен.