Дома Фудбал Сетиен го враќа Кутињо во Барселона!?

Сетиен го враќа Кутињо во Барселона!?

Последните недели на големо се шпекулира околу иднината на бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо.

Овој играч моментално се наоѓа на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор и неизвесно е што ќе се случи со него во следниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во разговор за RAC1 зборуваше за можно негово враќање.

„Фелипе е одличен играч, вистина е дека го обожавам. Во принцип, тој е играч на Барселона и доколку би заминал клубот мора да плати значаен износ. За сега сметам дека по завршувањето на сезоната ќе биде на располагање. Не знам дали сака да се врати или да замине, морам да разговарам со него, но без сомнеж се работи за одличен играч.“ – изјави Сетиен.

Доколку не остане во Барселона, Кутињо не мора да се грижи за иднината бидејќи постои голем интерес за неговите услуги од клубови како Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Челси…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…