Дома Фудбал Сетиен: Барселона останува фаворит за титулата

Сетиен: Барселона останува фаворит за титулата

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека неговиот тим останува главен фаворит за титулата во Примера и покрај неубедливите игри во последно време.

Барселона падна на второто место на табелата и во моментов заостанува три бода зад Реал Мадрид, а утре го пречеклува Гетафе на „Камп Ноу“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Првенствата ги решаваат мали детали. Заедно со Реал Мадрид ние сме главни фаворити за титулата. Заостануваме три бода, но имаме директен дуел против нив“, изјави Сетиен.

Сетиен изјави дека се надева дека клубот ќе купи нов напаѓач кој ќе може да биде замена за повредениот Осман Дембеле.

„Ситуацијата е ризична, но секогаш треба да има и резервен план. Се надевам дека ќе донесеме напаѓач, но ако тоа не се случи, ќе се справиме со фудбалерите кои ги имам во тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим му одговори на Роналдо за ситуацијата во Јунајтед

Рубен Аморим, тренерот на Манчестер Јунајтед, изнесе своја реакција на критиките на португ…