Дома Фудбал Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Актуелниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол во 15 различна сезона во Примера и го изедначи постигнувањето на Фернандо Јеро.

Капитенот на европскиот шампион постигна гол од пенал во победата над Жирона како гостин со 4:1 синоќа.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Легендата Фернандо Јеро го носеше дресот на мадридскиот клуб меѓу 1989 и 2003 година. Серхио Рамос премина во Реал Мадрид во 2005 година, а веќе има 56 погодоци во дресот на „кралевите“.

Првиот гол на Рамос за Реал е во есента 2005 година во дуел против Реал Сосиедад.

Фернандо Јеро и Серхио Рамос се единствените двајца дефанзивци во шпанскиот фудбал, кои реализирале голови во 15 различни сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…