Заврши договорот помеѓу ПСЖ и Серхио Рамос. Се шпекулираше дека можно е да направи трансфер во Саудиска Арабија, но во моментов работите се поинакви, па Интер Мајами е следната потенцијална дестинација на Рамос.
Тој во последните две сезони беше дел од тимот на ПСЖ кој како слободен агент пристигна од Реал Мадрид во 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дотогаш беше чудно да се видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега две години подоцна постои шанса да играат повторно заедно.
Според весникот „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и се верува дека Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами.
Да потсетиме дека Рамос сакаше да се врати во Севиља, но оттаму кажаа дека не го сакаат во своите редови.