Серија А би можела да биде стопирана на неодредено време, потврди лично претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина.
Ова е одговор на синоќешните инциденти што се случија за време и после мечот помеѓу Интер и Наполи. Во Милано имаше нереди кои заврпија со смрт на еден навивач на Интер, кој беше прегазен од автобус на навивачи на Наполи. Други четворица фанови имаат тешко повреди нанесени од нож.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа за време на натпреварот имаше расистички скандирања на адреса на дефанзивецот на Наполи Кулибали, за што гостите настојуваа да биде прекинат мечот.
„Најпрво ни треба малку време за да се координираме меѓу себе. Проблемот со сигурноста и заштитата мора да биде решен. Многу сум загрижен за тоа што се случи. Размислуваме да го стопираме првенството на неодредено време“, изјави Гравина.
Napoli boss Carlo Ancelotti said his team asked three times for their match at Inter Milan to be suspended because of alleged racist chanting, before a last-minute goal saw Inter win.https://t.co/fR7ojMC4eq pic.twitter.com/qAOViPCQ3J
— BBC Sport (@BBCSport) December 26, 2018