Дома Фудбал Италија Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари на својот тим во Серија А поради црвениот картон кој го доби против Милан.

Лацио во неделата беше поразен со 2:0 од Милан на „Сан Сиро“, а Сари учествуваше во еден инцидент на самиот крај на натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На крајот од мечот имаше што да му каже на главниот судија кој му додели директен црвцен картон поради коментарите, а потоа имаше вербален дуел и со Златан Ибрахимовиќ.

Сега е објавено дека Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари во Серија А во кои Лацио ќе игра со Каљари и Торин. На клупата ќе се врати на 26. септември во градското дерби против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо доби наследник, Азурите имаат нов селектор!

Според италијанските медиуми, Џенаро Гатузо доби наследник на местото селектор на репрезен…