Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс полесно од очекуваното стигна до пласманот во финалето на Вимблдон.
Серена денес во полуфиналето играше против тенисерката, Барбора Страјкова која за еден час игра ја победи со 2:0 во сетови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусната Американка првиот сет го доби за само 28 минути и и препушти на противничката само еден гем. На Серена се и одеше од рака и првиот сет го доби со 6:1.
Иста слика гледавме и во вториот сет. Серена играше колку што беше потребно и стана јасно дека Страјкова не може да и направи сериозни проблеми.
Чешката тенисерка во вториот сет освои два гејма, но тоа беше се, Серена овој сет го доби со 6:2.
Во финалето на Вимблдон Серена ќе игра против Симона Халеп.