После контроверзиите кои ги предизвика со својот моден ситл на Ролан Гарос минатата година (избор на облека кој подоцна беше забранет), Серена Вилијамс повторно го привлече медиумското внимание со нејзината спортска облека на тенискиот терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серена го помина 2. круг на Австралија Опен, откако дозволи Германката Татјана Марија да освои само два гема. Но, повеќе внимание на социјалните мрежи предизвика нејзиниот комбинезон и мрежестите чорапи кои ги носеше?
Облеката специјално изработена за 37-годишната тенисерка предизвика лавина од реакции на Твитер. Додека едни без задршка го фалеа нејзиниот избор, други ја критикуваа дека ја крши традицијата на она што уште се смета за пристојно и соодветно за носење на тениските терени.
Дури и сопругот на Серена, ко-основачот на Reddit, Алексис Оханијан, со кој имаат ќеркичка, не можеше да се воздржи од коментари.
? I’m here for the romper. https://t.co/D53YzdDkcZ
— Alexis Ohanian Sr. ? (@alexisohanian) January 15, 2019
„Серена, не можеш да го носиш тоа на терен“, „Серена ги има сите пари на светот и пак никогаш не носи соодветна облека. Уште еден FAIL моден избор“, „Заедно со нејзиното непримерно однесување на УС Опен, ова ми е доволна причина за повеќе да не ги гледам нејзините мечеви“, беа само мал дел од лавината коментари со кои публиката распали на социјалните мрежи.
#SerenaWilliams skin-tight #AusOpen outfit prompts mixed reviews https://t.co/05owys0PDW pic.twitter.com/BHZaJLWksc
— SLAM! Sports (@SlamSports) January 15, 2019