Фудбалерот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ би можел да стане еден од најскапите фудбалери во светот.
Српскиот фудбалер прикажува фантастични настапи во дресот на Лацио оваа сезона, но големи се шансите тој да го напушти италијанскиот клуб и да се пресели во еден од најголемите и најбогати клубови во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно сега за Савиќ е заинтересиран и ПСЖ, а претходно интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Неговиот менаџер, Матеја Кежман во наредните денови ќе има полни раце работа. Медиумите во Италија тврдат дека Флорентино Перез е спремен да го купи за околу 170 или 180 милиони евра.
Но, со оглед на трошењето на Пари Сен Жермен нема да биде воопшто чудно доколку „светците“ се спремни да понудат и 200 милиони евра, а во тој случај само Нејмар кој минатото лето го облече дресот на ПСЖ за сума од 222 милиони евра би бил поскап од него.