Дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација, Никола Серафимов не запира и денес постигна нов гол за неговиот тим Залаегерсег.
Серафимов ја затресе мрежата на Ѓирмот во 36. минута и тоа беше гол за водство од 2:0.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во десет кола за еден дефанзивец Серафимов е и тоа како ефикасен. Зад своето име македонскиот репрезентативец веќе има четири гола и е во горниот дел на листата стрелци во унгарското првенство.