Дома Фудбал Серафимов во тимот на колото во Унгарија, Ристовски и Велковски во Хрватска

Серафимов во тимот на колото во Унгарија, Ристовски и Велковски во Хрватска

Maкедонските репрезентативци Никола Серафимов, Стефан Ристовски и Дарко Велковски се најдоа во идеалните тимови на колото по своите одлични настапи за викендот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Серафимов со Залаегерсег славеше против МОЛ Фехревар со 2:0. Во овој натпревар Серафимов одигра 90 минути на високо ниво, а доказ за тоа е и местото во идеалните 11.

Во Хрватска место во најдобрите 11 имаше за двајца Македонци. Стефан Ристовски беше асистент во победата на Динамо Загреб против Шибеник, додека Велковски одигра одличен натпревар за Ријека во триумфот над Славен Белупо.

Треба да не радува и посакуваме репрезентативците да продолжат во ваква форма во пресрет на баражот со Италија на 24. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА шокираше со изборот за судијата за натпреварот на Франција и Мароко

Откако вчера се одиграа последните два натпревари од осминафиналето на Светското првенство…