Еден од најмладите во македонската репрезентација, Мартин Серафимов вчера доби минутажа против Словенија и постигна два гола.
Македонија беше добра на стартот против Словенија и се држевме некои 20-тина минути, тоа го потенцираше и Серафимов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во тие први 20 минути навистина личевме на репрезентација каква што треба да бидеме. Добро еш то ние младите добивме шанса да играме, тоа ќе ни значи во иднина“, изјави Серафимов.
За Русија очекува фер-судење и се надева на позитивен резултат.
„Ќе се согласам со селекторот дека до сега имаше некои дискутаиблни одлуи, ако има фер, неутрално судење ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат“, порача младиот ракометар.