Дома Топ вести Сепак љубовта е голема: Венгер одбил понуда од 35 милиони!

Сепак љубовта е голема: Венгер одбил понуда од 35 милиони!

Англиските медиуми денес открија дека Арсен Венгер одбил вртоглава понуда од Кина со која што ќе станел најплатен менаџер во светот, само за да остане во Арсенал.

Венгер во последно време е мета на големи критики, навивачите сакаат да му го видат грбот, но тој само уште еднаш ја потврди својата љубов кон Арсенал, клуб каде што работи веќе 20 години.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, Венгер одбил понудацод 35 милиони евра годишно која му била понудена од кинески клуб. Таа сума е двојно поголема од онаа која ја добива Пеп Гвардиола како тренер на Манчестер Сити, и понуда која ќе го направела најдобро платен тренер во светот.

Актуелниот договор на Венгер со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона и фановите се надеваат дека нема да биде продолжен иако раководството му понудило на Венгер да остане уште две години на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …