Дома Останати Тенис Сензација во Париз: Надал елиминиран во првото коло

Сензација во Париз: Надал елиминиран во првото коло

Големо изненадување се случи на стартот на последниот Мастерс сезонава во Париз. Шпанецот Рафаел Надал доживеа елиминација уште во првото коло.

Подобар од Надал беше Томи Пол со 2:1 во сетови (3:6, 7:6 и 6:1). Надал добро го започна мечот и првиот сет го доби со 6:3, но потоа следуваше пресврт на противникот. Вториот сет донесе изедначена игра и се решаваше во тај-брејк каде што Пол беше поуспешен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во третиот сет Надал целосно се распадна, го загуби својот сервис и Пол поведе со 2:1. До крајот доминираше и со 6:1 славеше победа и приреди голема сензација во Париз.

Претходно во текот на вчерашниот ден елиминиран беше и третиот тенисер во светот, Данил Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Го чека пекол!

Новак Ѓоковиќ ќе има исклучително тежок пат на Отвореното првенство на САД во тенис, каде …