Дома Останати Тенис Сензација во Париз. Алкараз беше елиминиран на отворањето на турнирот

Сензација во Париз. Алкараз беше елиминиран на отворањето на турнирот

Големо изненадување се случи во второто коло на Мастерс 1000 АТП турнирот што се игра во салата Барси во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Моментално 45. играч во светот, Русинот Роман Сафјулин, го победи второпласираниот, Шпанецот Карлос Алкараз со 6:3, 6:4.

Алкараз имаше брејк предности во двата сета, но Сафјулин успеа да направи пресврт и да го реши мечот во своја полза за час и 40 минути игра.

Шпанецот застана на првата пречка во Париз, со оглед на тоа што беше слободен во првото коло.

Сафјулин во 3. коло ќе игра против сонародникот Карен Хачанов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…