Екипата на Јувентус наредното лето би можела да направи голема работа доведувајќи го младиот Италијанец.
Младиот фудбалер на Фиорентина и син на поранешниот напаѓач Енрике Киезе, Федерико , се наоѓа на мета на Јувентус, но и Челзи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова момче оваа сезона покажа дека е еден од најголемите таленти во светот, а играјќи за Фиорентина веќе постигна четири погодоци.
Покрај Јувентус и Челзи од поодамна е познато дека интерес за него покажаа Наполи и Интер.
Јувентус минатото лето го доведе Бернардески од Фиорентина за сума од 40 милиони евра, а „Тутоспорт“ пишува дека италијанскиот шампион веќе некое време е заинтересиран за младиот Киезе.
Челзи до сега веќе неколку пати испраќаше скаути да го следат овој напаѓач, па не е невозможно и од нив Фиорентина да добие добра понуда.
Кијезе има договор со Фиорентина до 2022 година, а пред само еден месец го продолжи договорот, а имајќи го предвид неговиот потенцијал би требало да се очекува неговата цена да биде повеќе од 40 милиони евра.