Дома Останати Кошарка Сензационална најава: Миротиќ ќе биде „бомбата“ на Партизан!

Сензационална најава: Миротиќ ќе биде „бомбата“ на Партизан!

Според најавите грчкиот новинар Сотирис Бетакис кој важи за добро упатен со случувањата во кошарката, Миротиќ ја прифатил понудата од Партизан која не се одбива.

Бетакис во грчкиот портал „СДНА“ тврди дека Миротиќ ја прифатил понудата која му ја соопштил лично тренерот Жељко Обрадовиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дефинитивно Миротиќ е еден од најбараните кошаркари во Европа откако неодамна ја заврши комплицираната процедура за раскинувањето на договорот со Барселона. Нема сомневање дека би бил огромно засилување за црно-белите кои во изминатата сезона ја освоија АБА-лигата и играа четвртфинале во Евролигата.

Информацијата на Бетакис има повеќе смисла ако се земе предвид објавата на шпанските медиуми неодамна дека Кевин Пантер прифатил нов договор, токму затоа што знаел дека Миротиќ му биде соиграч во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, г…