Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс после 17 години лојалност ја напушта Кока- Кола.
После Кока-Кола, Џејмс одлучи да соработува со Пепси и потпиша долгогодишен договор со оваа компанија. Оваа информација ја потврди и „ЕСПН“ телевизијата, а во САД овој „трансфер“ е оценет како сензационален бидејќи е навистина реткост.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Кралот“ Џејмс ќе биде главен промотор на „Моунтаин Дев“, еден од најпопуларните пијалоци на Пепси кој во 2015 година влезе помеѓу главните спонзори во НБА.
Соработката на Леброн и Кока-Кола е од 2003 година, а договорот му истече со крајот на 2020 година.