
Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде реконструкција на одбраната, каде треба да бидат донесени нов стопер и десен бек.
Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола бекот го пронашол во Барселона, а станува збор за Нелсон Семедо.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Семедо беше во преговори со Барселона за продолжување на соработката, но преговорите се стопирани токму поради интересот на Сити.
Наводно желбата на Семедо е да се пресели во Премиер лигата и да соработува со Гвардиола, па за тоа веќе ги известил челниците на Барселона.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона нема да му стои на патот, но за возрврат од „граѓаните“ ќе го бара Кансело, па можно е да дојде до трампа ова лето.