Дома Фудбал Селта – Реал Мадрид: Селта ја напаѓа Европа, Реал влегува во посакуваната форма

Селта – Реал Мадрид: Селта ја напаѓа Европа, Реал влегува во посакуваната форма

Реал Мадрид ќе се обиде да дојде до три победи по ред во сите натпреварувања во сабота попладне кога ќе гостува кај секогаш незгодната Селта Виго.

Тимот на Зидан во моментов е на третото место на табелата, со шест бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид, додека Селта ја зазема 10-та позиција што е добар пласман за нив, откако собра 34 бода од своите 27 натпревари во првенството сезонава.

Селта гледа кон Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Формата на Селта во почетокот на сезоната беше разочарувачка бидејќи се бореа да излезат од дното на табелата, но промената на подобро во последните месеци ги искачи на 10-та позиција во Ла Лига, па сега се мирни бидејќи се далеку од зоната за испаѓање.

Освен тоа, тие се на само шест бода од првите седум и сега им се отвараат многу голми можности, па во некој варијанти дури и излез во Европа.

Избраниците на Едуардо Кудет имаат само еден пораз на последните осум натпревари и тоа против Валенсија на гости. Но и тешко победуваат, па во оваа серија имаат само две победи и дури пет нерешени средби.  На домашен терен, откако имаа три порази по ред на стартот, имаат само уште еден во следните девет натпревари на кои забележаа и пет победи и две ремија. Се на се, очигледно е дека Селта е во добра форма и овој меч со Реал Мадрид за нив доаѓа во добро време.

Реал влегува во посакуваната форма

Од друга страна, Реал Мадрид ќе влезе во натпреварот викендов по победата над Аталанта со 3:1 во реваншот од нивниот натпревар во Лигата на шампионите, со што шпанскиот шампион обезбеди пласман во следната фаза со вкупни 4:1.

Карим Бензема, Серхио Рамос и Марко Асенсио беа во листата на стрелците против италијанскиот клуб, а клучните играчи на Зидан се чини дека ја наоѓаат својата најдобра форма во клучната фаза од сезоната.

Реал имаше серија од четири победи по ред, но ремизираше на два од последните три меча во лигата. Сепак победата над Елче со 2:1 минатиот викенд и киксов на Атлетико Мадрид против Гетафе ги доближи на шест бода од лидерот.

На тимот на Диего Симеоне веќе не им е пријатно на врвот, со Барса која заостанува со само четири бода и со Реал кој игра се подобро и подобро.

Мадрид ќе се соочи со Селта и Еибар пред да и биде домаќин на Барса на 10-ти април и ќе се обиде со победничка серија да влезе во Ел Класико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…