Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ го објави списокот од 20 ракометари за силниот подготвителен турнир во Германија која ќе се одигра пред Нова Година.




На претстојниот SPARKASEEN CUP репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со Германија, Холандија и Австрија.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Натпреварите на претстојниот куп се играат 2 полувремиња по 25 минути со 5 минути пауза.




Првиот натпревар на репрезентацијата е на 27.12 во 16:00 часот против репрезентацијата на Австија, а на 28.12 нашите репрезентативци ќе одиграат два натпревара против Германија во 11:20 часот, и потоа против Холандија во 16:40 часот.




Во зависност од пласманот во групата на 29.12 ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ
