Репрезетацијата на Мароко е вистинска сензација на Мундијалот откако обезбеди историско полуфинале елиминирајќи ги Шпанија и Португалија.
Фудбалерите на Мароко станаа прва африканска репрезентација која се пласираја меѓу најдобрите четири репрезентации во светот, а селекторот Валид Реграгуи го опиша нивниот успех.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Луѓето зборуваат за нас како да сме големо чудо. Ние не сме чудо, ние сме Роки Балбоа, го правиме тоа што го знаеме. А знаете дека обичниот народ сака да навива за Роки Балбоа. Пред почетокот на Мундијалот ме прашаа дали може да го освоиме турнирот. Зошто да не? Може да сонуваме“, вели селекторот.