Дома Фудбал Германија Сезонава германските клубови доминираат во Европа

Сезонава германските клубови доминираат во Европа

Во последните години немаше многу примери на доминација на клубовите од Бундеслигата во евро турнирите, со исклучок на Баерн Минхен, но дури и баварскиот гигант се бори да стигне до трофејот во Лигата на шампионите уште од 2013 година.

Сепак, оваа сезона е различна и дури шест германски екипи продолжуваат во директните елиминации на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Со ист број учесници на двата турнира се Англија и Шпанија, кои важат за најдобри првенства во Европа.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Синоќа Ајнтрахт одигра 2-2 на гости кај Салцбург и ги елиминираше Австријците од Лигата на Европа со вкупен резултат 6:3. „Орлите“ се единствените од германските тимови во конкуренција што не ги освоија и двата натпревари. Леверкузен покажа класа против Порто (2-1 и 3-1), како и Волфсбург против Малме (2-1 и 3-0).

Екипите од Бундеслигата беа повеќе од убедливи во првото осминафинале од Лигата на шампионите. Баерн го совлада Челзи со 3-0, Лајпциг исто така се радуваше во Лондон со 1:0 против Тотенхем, додека Борусија Дортмунд победи со 2:1 на „Сигнал Идуна Парк“ против Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мато со два гола во седум минути го „расплака“ Пелистер среде Битола!

Фудбалерите на Вардар остварија важна победа во дербито против Пелистер во Битола со 1-3. …