Седум фудбалери на Ваљадолид биле поткупени пред натпреварот од последното, 38-то коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, објавија шпанските медиуми.
Валенсија го доби мечот со 2:0, а овој натпревар е еден од 9-те сомнителни натпревари кои се под истрага од шпанските власти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанската полиција неодамна ги уапси капитенот на Ваљадолид Борха Фернандес, како и бившиот фудбалер на Реал, Раул Браво кои се сметаат за организатори во „шемата“ за местење натпревари.
Полиција располага со видео на кое се слушаат следниве зборови: „Гледај, другар. Валенсија победува и во првото и во второто полувреме, така? Седум играчи се купени, не повеќе“.
Овие зборови се изрекуваат од страна на поранешниот напаѓач на голем број шпански клубови, Карлос Аранда, кој беше уапсен како дел од големата операција.
Валенсиај го доби натпреварот на гостински терен со 2:0 (полувреме 1:0). Оваа победа и донесе пласман во Лигата на шампионите, оставајќи го зад себе Гетафе кој мораше да се задоволи со учество во Лига Европа.
"Seven players were bribed"
El Mundo have published phone conversation recordings
They prove that match-fixing took place during Real Valladolid's game with Valencia
Read the full story here?https://t.co/o075llYwgh pic.twitter.com/zPIgwOWnXb
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) June 4, 2019