Манчестер Јунајтед е во пол-позиција да потпише договор со младиот фудбалер.
Во претходните 18 месеци, момчето по име Рајан Сесењо просто го воодушеви фудбалскиот свет.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сега има само 17 години и е стандарден член на Фулам, игра на позцијата лев бек и го красат одличната одговорност во одбраната и неверојатниот потенцијал во нападот.
Веќе постигна 11 погодоци на 53 натпревари за овој тим, а со младинската селекција на Англија го освои и Европското првенство.
Познато е дека за него интерес покажуваа најголемите клубови во Англија, а помеѓу нив беше и Манчестер Јунајтед кој се очекува наскоро да испрати понуда.
Наводно Фулам е спремен да го пушти младиот фудбалер од своите редови и тоа веќе во јануарскиот преоден рок, но сигурно дека сумата не би била ниска.