Веруваме дека сте имале можност да видите како ќе изгледа новиот дрес на Барселона за следната сезона, а сега ги имаме и првите фотографии.
Цртежи и графичкиот приказ на новиот дрес на Барселона циркулираат на интернет веќе некое време, а специјализираниот сајт „Footyheadlines“ денеска ги објави првите фотографии.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот дрес на Барселона не отстапува многу од традицијата, барем кога станува збор за боите, додека има некои промени во однос на дизајнот.
Компанијата „Најк“ за следната сезона подготви комбинација од вертикални ленти со црвена боја кој ќе се стеснуваат од средината кон страничните делови на дресот.
Ново на дресот е тоа што од следната сезона на дресот на Барселона ќе стои ново лого од новиот генерален спознор „Rakuten“.
Промоцијата на новито дрес и генералниот спонзор на Каталонскиот клуб би требало да биде одржана кон крајот на мај.