Навивачите на Реал Мадрид беа изненадени од информацијата дека Серхио Рамос одржал состанок со Флорентино Перез бидејќи сака да го напушти Реал Мадрид, а уште по изненадувачки беше која дестинација се споменуваше како негова наредна – Кина!
Меѓутоа сега најавите на шпанските медиуми се потврдени!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега не се работи за медиумски шпекулации, Перез потврди дека Рамос му соопштил дека има понуда од Кина и на некој начин ја потврди можноста Рамос да си замине ова лето.
„Серхио Рамос ми кажа дека има понуда од Кина и дека тие поради некои правила не можат да платат оштета. Му одговорив дека не е можно капитенот да го пуштиме да си замине бесплатно и разговорот потоа беше навистина пријателски“, изјави Перез и додаде:
„Тој во овој момент има најголем договор со Реал и невозможно е да го пуштиме да си замине бесплатно. Не ме праша тоа да го направиме, туку само ме информираше дека добил понуда. Него го сакам како син и искрено зборувавме. Нема да го пуштиме, тој има откупна клазула и тоа е тоа“, порача Перез.
Рамос во дресот на „кралевите“ одигра 606 натпревари и постигна 84 гола, а со овој клуб освои дури 20 трофеи.