Дома Фудбал Себаљос: Некои би дале СЕ за да играат и 30 секунди за Реал Мадрид!

Себаљос: Некои би дале СЕ за да играат и 30 секунди за Реал Мадрид!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос иако е трансфер цел на многу европски гиганти, изјави дека нема намера да го напушта „кралскиот“ клуб.

Себаљос минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Бетис како најдобар млад фудбалер во Европа, но ретко добива шанса за игра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во изминатите неколку месеци Шпанецот беше поврзуван со многу клубови, но тој тврди дека неговата цел е да остане во Реал Мадрид.

„Се разбира, се надевав дека ќе играм повеќе. Мојата желба е да продолжам да работам, да давам се од себе да бидам подготвен. Можев да заминам во јануари. Имаше неколку разговори после Божик, но секогаш имав јасна идеја да останам во Реал Мадрид“, изјави Себаљос.

„Влегувањето во игра на 30 секунди пред крајот? Беше чуден момент, но многу луѓе би дале се за да играат 30 секунди за Реал Мадрид. На тренингот, Зидан се извини и се беше во ред“, додаде плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…