Дома Фудбал Лига на шампиони Свирежите, дуелот со Јанг, флашата пиво, провокациите – Ди Марија вчера имаше свое шоу! (ВИДЕО)

Свирежите, дуелот со Јанг, флашата пиво, провокациите – Ди Марија вчера имаше свое шоу! (ВИДЕО)

Aргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија вчера беше во центарот на вниманието во поголемиот дел од натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Ќе потсетиме, ПСЖ славеше на „Олд Трафорд“ со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а навивачите на Јунајтед не му посакаа топло добредојде на Ди Марија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот своевремено го носеше дресот на „црвените ѓаволи“, но не остави голема трага на „Олд Трафорд“. Навивачите на Јунајтед вчера на му испраќаа свирежи на секој негов контакт со топката.

Тоа очиглено не му се допадна, па после првиот погодок одлучи да го „истури“ својот гнев на луѓето кои го провоцираа.

Сигурно дека после ова уште повеќе ќе биде омразен помеѓу фановите на англиските гигант.

Меѓутоа ова не беше единствената ситуација во која Аргентинецот беше главен актер.

Во еден момент од натпреварот Ди Марија после дуелот со Ешли Јанг заврши во заштитната одграда покрај стадионот, а потегот на Јанг наиде на одобрување на домашната публика.

Најинтересната ситуација ја видовме во второто полувреме.

Ди Марија беше покрај корнер знаменцето и во тој момент некој навивач од трибините на теренот фрли полна флаша пиво. За среќа не беше прецизен, па Ди Марија помина неповредено. Во таа прилика Аргентинецот ја зема флашата и повторно ја фрли на тревникот. Неговиот потег секако брзо стана хит на социјалните мрежи.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…