Холанѓанецот може да стане најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Вергилиј ван Дајк е цел на голем број европски гиганти, но Саутемптон нема да го пушти така лесно. Како што пренесуваат англиските медиуми, „Светците“ бараат дури 70 милиони фунти за одличниот стопер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Саутемптон е во позиција да заработи многу пари од продажбата на својот играч, со оглед на тоа што за играчот се заинтересирани Манчестер Сити, Челзи, Ливерпул и Арсенал.
Во овој момент, најблиску до потписот на споменатиот играч е клубот од „Етихад“, но не е исклучено понудата да биде зголемана од погоре споменатите клубови.
Во овој случај, Ван Дајк би можел ова лето да стане најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот и така да го сруши рекордот на Џон Стоунс кој минатото лето од Евертон се пресели во Сити за рекордни 50 милиони.