Дома Фудбал Саутгејт: Финалето е она за што дојдовме, но наутро се се менува

Саутгејт: Финалето е она за што дојдовме, но наутро се се менува

Англија втор пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија меч со Шпанија за трофејот на европскиот шампионат.

Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолжение, Оли Воткинс се појави со гол во 90. минута.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Многу посебна ноќ и се надевам многу посебна за сите што гледаат дома. Мислам дека нашиот настап беше многу добар. Знаевме дека Холанѓаните имаат квалитет за да можат да не казнат, како што направија, но имаше уште многу време да се игра. Нашите играчи од средниот ред, особено Фоден, беа клучни во наоѓањето простор и мораа постојано да го менуваат она што го правеа.

„Бевме задоволни од тоа како играа Фоден и Кејн. Имаме добра клупа, имавме свежина и знаевме дека Оли може да им предизвика проблеми. Финалето е она поради што дојдовме овде и го градевме тоа две години. Мораме да уживаме вечерва, но наутро сè се менува и имаме слободен ден помалку од тимот кој беше најдобар на турнирот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР погреши во ЛШ: Како ова е пенал? 🎥

Атлетико Мадрид како домаќин беше поразен од Лил со реузлтат 1:3, а веројатно клучен момен…