Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез го привлече вниманието на себе откако напиша дека за три дена ќе го објави името на новиот клуб.
Неговата објава на Твитер ја разбранува фудбалската јавност, па многумина поверуваа дека ќе го напуши Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саул Нигез денес го одржа ветувањето и го објави името на новиот клуб со што повторно ги изненаду сите.
Шпанецот потврди дека отвара сопствен клуб во кој ќе тренираат млади таленти во различни категории. Клубот ќе се вика Клуб Коста Сити и ќе има 500 млади фудбалери во различни категории.
„Го развиваме овој проект многу години и среќен сум што денес можам да објавам дека е официјално отворен. Приоритет на клубот ќе биде равивањето на млади таленти и нивна едукација за спортот“, објави Нигез.
THERE IS A NEW TEAM IN THE CITY @clubcostacity
— Saúl Ñiguez (@saulniguez) June 3, 2020
? https://t.co/5DnWj0KRYQ pic.twitter.com/qk980lCi0R